logo

# Приказни

Сумо борач

насловна слика

„ Од една страна како православен христијанин, од друга страна како сумо борач од врвен калибар, морам да кажам дека многу, ама навистина многу ми смета стигмата која ја запечатија луѓето на посните слави.

Имено, сметам дека вистинскиот домаќинлук се гледа токму на посните слави - лесно е да ги натрпаш гостите со мајонези, месишта и теста. Изведи добра трпеза со риба, зеленчук и кисел купус да те видам! Тука лежи уметноста.

А и пустото месождерство ќе не изеде искрено. Многумина ја гледаат мојата става и ми велат „Koj знае колку месо јадеш Точиношин!'. Ова не е вистина - моите 178 килограми на 191 сантиметр се постигнуват од огромна количина јаглехидрати - мастите и протеините се второстепени во однос на градење на силата, кардиоваскуларната подготвеност и издржливоста која се гради во рамките на 5 часовните тренинзи што ги имам секојдневно во шталата Кasugano.

Ценете ги посните слави, еднакво како мрсните. Ценете ги јаглехидратите, маслинките и киселиот купус. Ценетете ги домаќините кои ве угостуваат. Пожелувам лесни пости на сите православни христијани, освен секако на Драган Павловиќ Латас.“ - Точиношин Цујоши алијас Леван Горгадзе, сумо борач со ранг Sekiwake, посветен грузиски православен христијанин, пасиониран собирач на официјална роба од познатите јапонски Gundam серии.

Коментари


Остави коментар