logo

# Приказни

Што е заедничко помеѓу Хокинг и Кина?

насловна слика

Издавачката куќа „Капка“ ви носи две нови книги од работилницата „Фактопедија“!

„MADE IN CHINA!“ или „за тоа како Западот им ги украл изумите на Кинезите, а овие си ги вратиле назад!“ е книга за изумите кои го обликувале светот во форма која му е позната на модерниот човек. Голем дел од овие изуми потекнуваат од Кина – преку хартијата до печатењето (извини Гутенберг), од компасот до часовниците, преку барутот до хартиените пари, Кинезите замешале прсти во речиси сите најголеми изуми на Стариот свет кои западната цивилизација многу подоцна ги преземала. За кои изуми се работи и зошто дознајте во оваа возбудлива приказна која нѐ носи од алкохолот до фудбалот, а нивното спојување е секако западен изум!

„Неверојатниот живот на Стивен Хокинг“ или „Како да ги надминеш предвидувањата и да го направиш неверојатното!“ Прочитајте неколку факти за овој неверојатен човек и дознајте зошто со право велат – умот е над материјата! Но кој е Хокинг? „Си бил еден Хокинг кому му кажале дека ќе живее уште 2 и пол години, а тој живеел плус 50-тина, од инает! Истиот тој човек, откако целосно се парализирал и му се одземал говорот, напишал научна книга која станала бестселер! И не само тоа – научниците цел век сонувале за теорија која го обединува светот на малото (квантната физика) и на големото (релативитетот), и токму тоа го направил Хокинг. Што повеќе!?“

Книгичките се достапни во книжарниците Антолог и Или-Или.

——————————————————————————

Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк.

Коментари


Остави коментар