logo

# Приказни

Стивен Кинг, кралот на филмувани дела!

насловна слика

Стивен Кинг е еден од најплодните писатели на денешнината, со 60 новели, 200 раскази и со повеќе од 350 милиони продадени книги. Но, она што особено фасцинира е бројот на негови дела кои се филмувани, Според делата на Кинг се снимени 34 филмови, што е најмногу од кој било друг автор. Но, ако ги сметаме и телевизиските филмови и продолженијата, стигнуваме до неверојатната бројка од 59! Ние ќе ви прикажеме 10 од нив.

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Секако, меѓу тие филмови има и промашувања…

Тука предничи филмот првенец (и единец) на Кинг како режисер Maximum Overdrive (1986).

И на него сличниот Trucks (1997), со комичниот блурб: „Ако свртиш, умираш!“
The Mangler (1995), филм за машина за превиткување алишта која е опседната од демон! Единствено што оставил овој филм во наследство се генерации американски деца од 90-тите кои се плашеле да одат во подрум сами…
Филмот The Lawnmower Man (1992) кој на времето ни се чинеше како страшна (веројатна?) можност за иднината на машините и виртуелната реалност популарна во последната деценија од XX век… Сепак, од приказната на Кинг е позајмена само идејата за човек кој коси трева!
The Langoliers (1995), филм со толку лоши специјални ефекти што дури ни Зиги не можел да го спаси!
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
Но, тука се секако и класиците…

Misery (1990) со одличната Кејти Бејтс (Kathy Bates)… кошмар на секој писател е... да запознае посветен обожавател!

The Shining (1980), самиот Кинг го презирал, но секако е на листата на најдобрите и најинтригантните филмови на сите времиња! All work and no play makes Jack a dull boy… поучна лекција за воркохолици!
The Shawshank Redemption (1994) со ненадминливиот Морган Фриман (Morgan Freeman), извини Tim Robbins (Тим Робинс), филм за истрајноста и надежта во (из)вонредни услови.
Секако, The Mist (2007), совршен за ноќите во нашиот главен град!
Stand By Me (1986), филм за магијата на растењето (coming-of-age) и губењето на детската невиност… ненадминливо!
Погледнете и вие некој филм од кралот на филмуваните дела.

——————————————————————————

Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк.

Коментари


Остави коментар