logo

# Приказни

Спомени

насловна слика

Шетаме со Илина покрај Вардар, барав една книга кај уличните продавачи, па ај, си велам да го види Ново Маало додека сè уште постои, и зборувам за "Тиква зелена" и за "Занзибар", за "Кула"... продолживме накај Работнички "Кочо Рацин", да и' покажам кај работеше дедо и', ама реновирале горе, не успеавме да се качиме кај канцелариите и училниците, а плочките мермерни по ѕидовите истите сиво-црни од кога јас бев дете. На чуварот му викам: "Еве, и ги покажувам на ќерка ми плочкиве исти од секогаш", не ми одговара, само бледо ме гледа, си вика што збори оваа, после Илина се смее, "кој знае што си рече човекон" - вели, "овие мрднати за плочки зборат". Како може тој да знае што значат тие плочки за мене и во каков рај од спомени и спокој ме враќаат.

Коментари


Остави коментар