logo

# Приказни

Скопје

насловна слика

Да речеме, патеката од Симпо накај Карпошите долж "Партизанска" особено од страната на Тафталиџе, многу ми е драга. Секогаш е чисто и со цвеќиња.

 "Орце Николов" од кај мене до самиот крај, најмила. Јес да по тротоарите се испаркирани коли, ама си терам слалом, велеслалом и се снаоѓам. 

Илинденска од Зоолошка до Влада, е, тоа е дефинитивно најубавиот дел од Скопје. Без конкуренција. 

"Максим Горки". Градски Ѕид, оној кај Соборна, а и сите други делови. 

Скалите што водат накај Кеј, од двете страни, под мостот "Гоце Делчев". Сега се мочални додуша, ама ги сакам. 

Делчето во парк кај Жабарот, цел тој потег од Томче Софка до плоштад. Тука последно го видов Горан Стефановски, август негде. 

Парк - фонтана и кај споменикот на Гоце. 

Чаршија без новото чудо над Менада. Тоа не го сфатив зошто го направија, освен од инат. Менада. 

Трговски, страната што гледа накај Жена Парк сосе паркот. 

Неколку улички во Дебар Маало. 

Делот од Пјаца Либерта накај "Маршалот". 

Музеј на современа уметност. 

Скалите кај Француски гробишта.

А тебе?

Коментари


Остави коментар