logo

# Приказни

Скопјанки у кафана

насловна слика

Пробавме, навистина, пробавме да одолееме со сета сила...Со секој атом енергија што го имаме...Се боревме храбро до самиот крај...Но, и покрај сите напори, не успеавме...
Беше прекрасно саботно утро, решивме да одиме на ручек во Барик, кадешто увидовме нема место па продолживме во најблиската слободна кафеана. Дојдовме кај Перо и седнавме. Мислевме дека ќе нарачаме ракија и џигер, но нешто одвнатре не натера да нарачеме пилешки стек, шопска без кромид и помфрит со сирење. И тој ебен Траминец, секогаш тој еден ист ебен Траминец. Ок, знае да се задеси да биде и Темјаника, можеби Розе, ама го знаете урнекот. 
Каснавме малку од помфритот, го ставивме Траминецот во нашите чаши, и тогаш се случи. Се случи колку и да не сакавме да се случи... Почнавме да се церакаме како кози, како насилно ни дојде, како да не води некоја внатрешна празнина и хистерија. Го викнавме келнерот, изустивме како некој да не тера со пиштол -„Дечко, молим те, може да не сликаш?“... Келнерот секако немаше проблем со тоа, го зема апаратот веднаш. И тогаш се погледнавме, главите почнаа да ни се спојуваат како со магнет. Насмевките сами ни се нацртаа на лицето, како да сме ебена слика од Shutterstock. И тогаш ја видовме сликата - најстандардната пост brunch кравурди што се смеат со бело вино. И се знае - story, IG post како и FB. Описот секако - It's wine o'clock, life is better with friends, како и хаштаг #badbitchesbrunch. Јебига. Уште една од серијата порази“ - Милена Бараковска и Вања Шаламанова, добри девојки, но за жал жртви на убер basicbitch-измот насловен скопјанки у кафана.

Коментари

dgYcTDsqExnihY4tyV0Sjw7Iu5yDOfBmA6CIgnvX

Genijalno


Остави коментар