logo

# Приказни

Рокериште у душа

насловна слика
„Не знаат копиљациве денес ништо. Све музиката им е тупци дупци, ау вау вриштење, врска нема. Ние на времето се знаеше пееа Бебек, Исламовивќ, па имаше и тука луѓе како Чола, врвни музичари. Бреговиќ - генијалец, да не правиме муабет тука. Па носеа плочи од Германија, Италија, ги шверцаа у фармерки од трст. Па ќе било слушање Битсли, Дип ПАРПЛ, Лед Зепелин. Ееее, права музика. Па ќе дојде лето, гиратите на рамо и правац приморје, од Буљарица до Истра сме иделе аутостоп, девојки по пат, ние им свириме тука баладици некои - Лутка за насловној страни, еее па авантури, па спиење под отворено небо. Абе времиња, слобода, со црвениот пасош кај сакаш се идеше. Нема тоа денес, децава не знаат, цела музика на компјутер им е, немаат атмосфера, немаат штимунг, ко од мочка да се праени.“ - Љубчо Бубе Ставров, рокериште у душа, човек кој цели 7 пати успешно се има наштимано во Е во животот, човек кој е горд поседувач на цели 10 винили(случајно и бројот на бендови што ги слушал во животот) - 4 од кои се истата копија на Битанга и Принцеза од Бјело Дугме, познавач на добрата комовица, недела дена од седмиот примен стент.

Коментари


Остави коментар