logo

# Приказни

Рокери

насловна слика

„Абе што те глеам чуден. Мислиш дома не слушам Maiden, Metallica, Judas? Седи бе мали, ја кога ја кинев Тurbo Lover, вие копиљаци не бевте у татини муда! Супер е рокче, метал, уште слушам дома. Го имаме Seventh Son of Seventh Son на оригиналка винил од Лондон. И бенд имав, рокавме thrash дрзок и на Рок Фест свиревме!

 Ама нема бе бато. Нема леб у тоа металот. Џамбаз, без школо, немаше друго брат. Мораше да си фатиме тезгицата. Башка, си рокаме уште рокче и тезга бе - Дугме, Плави Оркестар, Мерлин... СИ има, си има за душата да си посвириш. Ама мора братче цајки, тоа бара народ. Јас, другар ми Станчо на клавијатура и матрици спремни и колеме! Мора брат лепче да се вади. 200 еура од вечер. Деца јадат, жена бара да си купи нов Матиз за низ град, пари од небо не паѓаат. Фолкот баце, фолкот си ја брка работичката, не се живее од рокенрол. За душа е добро, си пукам некогаш дома на стариот Vlad малце Manowar, малце Saxon. Aма нема леб бе. Ај, млади сте, ќе дојдете и вие на моето, ќе видиш!“ - Крсте Митревски, поп -рок- фолк изведувач со 567 views на сите 4 авторски песни, секако на српски јазик поради пенетрација на ју пазарот, старо скопско тезгариште, РОЌЕР у душа, љубител на добрата чашка.

Коментари


Остави коментар