„Добро паметам кога го органзиравме мировниот протест пред Црната Порта. Моравме да им дадеме до знаење на луѓето од режимот дека едноставно НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ! Се собравме неколку органзации коишто добија грантови од GU(Gondor Union) и ELFAID, и се што требаше да се случи е краток флешмоб. Но Арагорн имаше други планови, и тргна да ита со оружје кон органите на извршната власт. За среќа тука бевме јас и Леголас, во гужвата го фативме и му рековме - „АРАГОРН НЕМОЈ! ОВа се мировни протести“. Не послуша, протестите продолжија и режимот падна. Сега, сите сме фино сместени во Озгилијат, Кирит Унгол и Mинас Моргул, каде што си ги вршиме нашите обврски на едно друго ниво, за разлика од оние слуги на режимот на Саурон. Ок, не се упаси ниту еден оркшки генерал, Саурон е назад во источната Темна Земја, но најважно е дека се решивме ненасилно. БУТНАВМЕ РЕЖИМ СО ФЛЕШМОБИ И ЗБОРОВИ, БЕЗ КАПКА КРВ“ - Гимли Глоиноски, активист за човекови/орковски/гоблински/елфовски/џуџевски права, советник во министерството за гоблински прашања, активен придонесувач за Rohan Herald.