logo

# Приказни

Рефлекс

насловна слика

Годиниве наназад, бескарактерни, некаква тешка тапа не само на локално ниво. Сето време се чувствува лоша енергија, нервоза и нетрпеливост и имам чувство како сите да очекуваме некое големо светско поместување. 

Планетава го достигна дното, сè измислено во претходните столетија божем за арно да ни направи, се сврте против нас. Дури и во земјите кај што владее благосостојба - лицата на луѓето не се ведри. На светот му фали глобална радост, оптимизам, добрина, опуштеност, чистење од ѓаволските сили кои владеат. 

Астролозите веројатно имаат објаснување, ама останува впечатокот дека цивилизацијава ваква како што е сега, не ја бива повеќе. Општествените системи си го отслужија своето, ни треба некое размрдување. Единствено ме теши впечатокот дека свеста на луѓето е можеби малку крената, но пасивноста и неделувањето се сè уште присутни. 

Поосвестени сме во смисла дека почнуваме да го согледуваме фактот дека некој опасно нè игра. Сфаќаме дека правецот по кој сме тргнати не е вистинскиот и дека треба да се скршне на некоја друга уличка. 

Оти штом си на дното, редно е да станеш и да се кренеш, тоа е природен процес, рефлекс.

Коментари


Остави коментар