logo

# Приказни

РАНОПРОЛЕТНА

насловна слика

Од прозорецот во кујната си ја гледам градината, а зад неа облаците си го менуваат расположението и непотребно го збунуваат неодлучното сонце. (Лутината испари од сувата пролетна почва и остави мали базени надеж за мравките и штурците.) Еден комшија го сече светот на половина со моторна пила. Го прашувам што ќе му се два света, а тој слегнува со рамениците и почнува да ми ги рецитира сите клетви во вселената. (Птиците слушаат и молчат. Црвот од јаболковиот цвет им покажува среден прст.) Палам цигара. Би сакал да пушам само во песни и раскази: градите на измислените ликови се чисти како полжавска солза. (Ако навистина сум пештера од бои што лета, се надевам дека мечката која живее во мене нема страв од височина, си помисли пеперутката која слета на мојата глава и ги рашири своите раскошни крилја. Ми заличи на Исус.)

Коментари


Остави коментар