Нашата МАСА (Македонска Агенција за Севселенски Акции) го испрати првиот домашен ровер, наречен Мурџо, на Марс. Мисијата има за цел да го истражи кратерот Охридско Езеро и да пронајде знаци на ендемски живот во него.
Како што соопштуваат од МАСА, мисијата е успешна и првите селфи фотографии од роверот се веќе пристигнати во агенцијата, а една од нив со специјално одобрување пренесуваме и тука.
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
На дното на кратерот не се пронајдени докази за живот, но пронајдена е депонија која со сигурност припаѓала на античка Македонска цивилизација од 2021 година за која досега само имало претпоставки дека живеела на тие простори.
Со ова конечно се потврдуваат теориите дека на оваа планета имало живот, но ова се први докази дека навистина било така. Времето за кое станува збор е дамнешниот почеток на 21 век, кога се верувало дека пластиката е штетна, но нејзината истрајност се покажа корисна за денешните научни мисии.
Затоа денес, откако целата пластика е заменета со биоразложливи супстанци, се препорачува враќање на пластиката, заради стравот дека нашата цивилизација ќе биде невидлива за генерациите кои доаѓаат во следните милениуми. Памет во глава - и купувајте пластика!