ПРИКАЗНА ВО ИСЧЕЗНУВАЊЕ
Се разбудив во поле со нарциси, целиот искасан од пчели. Убодите ме чешаа, поленот ме докусури и кивав како да нема утре. „Како мислиш – нема утре?“, ме праша една пеперутка која правеше пикник со фамилијата. „Ете така“, и’ реков, „Се будиш и нема утре“. „Но ова да го кажеше вчера, ќе немаше ни денес“, ми рече пеперутката со тажен тон. „Можеби и нема“, ѝ одговорив и земав длабок здив. Алергијата ми плесна шамар и се намурти. „Сакаш да кажеш дека сега можеби не сме тука, не постоиме?“, праша пеперутката. „Не. Мислам дека не постоиме денес“. Пеперутката се сврте околу себе: немаше ништо. Додека пробуваше да се соземе, почувствува како ѝ исчезнуваат крилјата, а веднаш потоа исчезна целата.
„Дали имаше вчера?“, праша сеќавањето на пеперутката, но немаше кој да одговори.