logo

# Приказни

Претседателот на Владата: (ИЗМИСЛЕНА СОДРЖИНА) ...

насловна слика

Помина полноќ, а разговорите помеѓу ЗНМ и претседателот на Владата се уште се во тек. Претседателот на Владата е упорен да им објасни на ЗНМ дека не секоја измислена содржина е сатира, додека пак ЗНМ не го контаат како не ги конта дека за негово добро е покрај сатира, пред текстот да стои дека тоа е измислена содржина.

Момемтално претседателот на Владата се повлече во своите одаи да размислува, не го очекуваме наредните неколку часа, со него е иноваторот и кантавтор Коста Петров, така што да ја искористиме можноста и Ве известиме што се случуваше во меѓувреме.

Она што го знаеме досега, а не е пренесоно од ниту еден медиум е дека Барањето на ЗНМ, во наредните 6 месеци, пред секој прес, текст, ФБ пост и мислење на Владата, од страна на вицепремиерот Љупчо Николовски, да наведе со големи букви дека се работи за САТИРА и измислена содржина -> Е прифатено.

Моментално се преговара за тоа да важи и за министерот за здравство, како и за господинот Оливер од внатрешни работи, бидејќи во нивните случаи очигледно народот ја препознава сатирата и по она што може да го забележиме како реакција на граѓаните на нивните соопштенија е дека дури над 75% реагираат со смајлито што се гази од смеење и покрај тоа што вестите, барем во случајот на министерот за здравство, се далеку од тоа.

Значајно да се напомене е и дека некаде 2 часа пред полноќ, канцеларијата на претседателот на Владата ја контактираа од секторот за хумор при КЈП Нискоградба Битола, со Барање до ЗНМ за пред сите нивни соопштенија во иднина да стои знакот за САТИРА, бидејќи нивните подвизи граѓаните очигледно не ги перцепираат како достигнувања. Од ЗНМ едногласно се согласија, откако се потсмирија од солзите и смеењето кога слушнаа дека Нискоградба Битола е на телефон. Претседателот на Владата очигледно не ја сфати шалата, па тој го искористи моментот и им честиташе за последниот подвиг "Мостот" и начинот на кој ја запознаа јавноста со него, преку моделот на пред и потоа.

Претседателот на Владата се сложи со Барањето за вицепремиерот Николовски, но итро возврати со контра-барање до ЗНМ, повикувајќи се на принципот на реципроцитет, па ако може да му направат услуга и да реагираат и му достават Барање и за град Скопје и градоначалникот на истиот град. ЗНМ не се сложија со тоа, односно му објаснија дека град Скопје и градоначалникот на град Скопје најверојатно годинава ќе ја добијат наградата за животно дело за сатира и при тоа дообјаснија дека граѓаните веќе ги препознава ликовите на Шиље, Васиљче, Николче, насекде низ градов и истите тие немаат потреба во понеделник сабајле, пред веста за тоа дека во текот на викендот на паркингот на Водно биле паркирани 365 возила, да стават знак дека се работи за сатира, народот не е до толку глуп и знае да препознае добра сатира, при што претседателот на Владата реча само, да.

Штом претседателот на Владата и кантавторот Коста Петров се вратат од одаите за размислување, ќе се јавиме со нови вести,.. и нормално, ако истите одлучат да имаат соопштение до јавноста, секако дека во самиот наслов ќе наведеме дека се работи за измислена содржина.

Коментари


Остави коментар