logo

# Приказни

Предвикендски Хороскоп

насловна слика
1. Вага- Иако сте фан на Јувентус, сепак Лацио ќе стане шампиони годинава. Преку кур од вашето купување на титули веќе!  2. Риби- Недела е прекрасен ден за прошетка во природа. Среќа сте мрзливи па не мора да станете да се движите, сепак март е луд месец, може да заврне. Седи си дома. 3. Овен - Поради епидемијата на коранавирусот имате потреба да паничите. Реално, паничете што ви доцни а на работа ве немаат пријавено па кур што ќе добиете породилно. 4. Бик - фактот што и овој викенд нема да ве пуштат во Балет, не значи дека треба да се предадете, здравје 2023та јануар ќе ве молат да влезете. Продолжете со мисијата!  5. Близнаци - Покажете едно од вашите две лица на љубениот/љубената. Сабота има изгледи за масовно раскинување.  6. Рак - После онаква Златна Бубамара на популарноста, најдобро е викендот да го пројдете во Netflix и лубрикант. И лаксатив секако.  7. Лав - И овој викенд ќе тврдите дека сакате да одите на опера или театар, а пак ќе завршите во Венеција. Не се срамете од вашиот вистински музички вкус и винил дискографијата од Индира Радиќ, бидете свои.  8. Девица - Како и сите други викенди, така и овој предадете се на чувството на потфрлање во сите аспекти на животот. Очигледно дека книгите од Коста Петров не ви помагаат. Пробајте со Робин Шарма. 9. Вага - Иако имате чувство дека сите околу вас неизмерно ве презираат, што е точно, не значи дека и овој петок нема да правите скандали со вашите пријатели и фамилија. Конзистентноста е клучна. Предизвикајте ги конзервативните гледишта на вашата 84 годишна баба. Си го бара!  10. Шкорпија - Паниките во супермаркетите ве оставија и овој викенд без леб и макарони, можеби не треба да го следите Зоран Заев како пример за добра исхрана. Пробајте брокула. 11. Стрелец - Овој викенд е измислен за пробување на нови работи за стрелци. Еве на пример плакнење мишки пред идење у диско е топ. 12. Јарец - Не ги потиснувајте чувствата. Овој викенд е прекрасен за изразување на душата. Соберете храброст и какајте на лошиот комшија пред влезна врата, секако во ситните саати на ноќта. 

Коментари


Остави коментар