logo

# Приказни

Пост Вистина

насловна слика
„Стрико, чекам. Обеќа братучед ми после избори здравје нашиве ќе тепаат по се изглеа, па ќе падне местенце у министарство некое или заводче, имам B категорија шо ме боли кур ќе возам некој буџован 2 саати у денот, лапај си 25.000 на крај на месец. Има муабет за она Биро за Метрологија у Аеродром шо е, топ би било! Тука имаш Копачка, Моцарт Бет, па имам и Тиго да дигнам 500 кредит ако мора да се стаи некоја синглица. Абе брат, мора државно си е државно, клати врата зимај плата. [caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption] Само да не биде ова што викаат СДСМ со ДПМНЕ да праи широка коалиција да ги сузбијат шиптариве, па нема тогаш да влезам, знам, нема шанси ќе треба наши и нивни знаеш да бутаат, а така ќе сум задње говно, па нема да биде. Ама јебига мора да се гура брат, ако не идеме Германија ќе фатам бауштел имам братучед таму брат згази у Kempen со плочките, па ќе фатам ќе помагам ако треба брат, хехе од работа нема срам. Ај идам едно продужено еКспресо у долга чаша да испијам у Копачка, почиња сеа Премиер лига, имам сингл дојава за Лестер.“ - Блажо Милевски, 35, ден стаж немање, чека да победат неговите, своевремено редовен летувач во Крани.

Коментари


Остави коментар