logo

# Приказни

Поглед

насловна слика

Сега да сум во хотел, без брзање да станам од постелата со меки перници, да се дотерам во бело памучно фустанче, па да слезам долу на појадок, да си турам кафе и цеден сок од портокал, да си клам топли земички во тањирот, путер... па полецка да се фрцкам по трпезариската сала и да си седнам на таа масата до пенџерињата, обавезно снег бело чарфавче да е послано, добро, може и розе или резеда, свежо цвеќе во вазничка да има, а погледот од терасата да е на море или езеро боја тиркиз, молим лепо.

Коментари


Остави коментар