logo

# Приказни

По националност сум сиромав

насловна слика
Пред некое лето, шетајќи низ Македонија, застанавме во Претор. Да се искапеме, да не ги малтретираме децава по жешкото саде по цркви и манастири да акаат. Глетката на која наидовме, нè стаписа... не влеговме во вода. Не ни седнавме на плажата. Луѓето кои седеа таму... не знам како да ви кажам, како да отидовме на некоја друга планета! Сиромаштија од која срцето ти се кине на парчиња. Облечени во чудни костуми за капење, седнати на ќебиња, пијат кафе направено дома и ставено во пластични шишиња, распослани тањири и тенџерчиња со јадење... дури и топките со кои си играа дечињата беа чудни. Беда покажана во сиот нејзин сјај. Да те трогне и убие до коска. Не им се бендиса плажата на девојкиве мои. Си отидовме и појдовме понатаму. Со ова сакам само да кажам или да се потсетам колку сме ние разгалени филозофи. Ние, десетте проценти од населението. Вие, кои ме читате сега. Колку немаме врска од реалниот живот. И сакам да се потсетам колку  е Македонија жална. Со гајда да ја плачеш.

Коментари


Остави коментар