На постарите од четвртата деценија им е позната песната „Пластика“ од Идоли во која има еден стих „Јас носам пластичнa облека“...
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
Во 1950-тите години полиестерот бил воведен во машките костуми од страна на хемиската компанија Дупон (DuPont) и оттогаш пластиката стана суштински дел од поголемиот дел од нашата облека.
Како на светот да не му е доволно од пластиката, па уште да носиме и пластична облека!? Всушност облеката е најголем извор на микропластика која преку перењето стигнува до реките, морињата и океаните.
Кое е решението? Додека не се најде замена на глобално ниво, едно решение е да се купува помалку облека, да се носи подолго, да се подарува повеќе и да се фрла поретко.
За „пластичната облека“ читајте повеќе тука, а за влијанието на микропластиката тука.