logo

# Приказни

Планинарење

насловна слика

Се качуваат двајцата на Љуботен и се судруваат со четири групи.

Првата, двајца кумановци, срдечен муабет како што доликува на луѓе кои ќе се сретнат во природа. 

Следните, неколкумина тетовци, со некои се познаваат од планинарските друштва. Муабет срдечен како што доликува на луѓе кои ќе се сретнат во природа. 

Третата група, момчиња Албанци од косовската страна на Шара, муабет срдечен како што доликува на луѓе кои ќе се сретнат во природа. 

И четвртата група, двајца скопски "урбани" лика, дотерани со најскапа планинарска опрема, едвај едно "здраво" низ полууста изговорено. Како што не доликува на луѓе кои ќе се сретнат во природа. Скопски сноб е посебна категорија. Мисли дека е блиску до Господ, а прост е и празен како шупливо дрво. Надуван паун без суштина.

Коментари


Остави коментар