logo

# Приказни

ПЕТМИЛИГРАМСКА

насловна слика
На неколку дена пред избори, јас едвај дишам. „Астма”, ѝ велам на докторката, „мора да е астма...”. „Анксиозност”, вели таа. „Од анксиозност не се рика како магаре заглавено во ќумбе на дрва”, ѝ намигнувам. „Сеедно”, шепнува и почнува да пишува некаков рецепт. „Пијте ги по потреба. Може да земете 3 до 4 таблети на ден, но гледајте да не ги пиете ако немате паничен напад.” „Имам хроничен бронхитис, зошто ми препишавте дијазепам?”, прашувам смирено. „Следен!”, вика докторката, а јас излегувам и на вратата од ординацијата се судрувам со адвокатот на Ефраим Кишон.  (Види Ефраим Кишон: „Само без скршнување”)

Коментари


Остави коментар