„Изгледањето добро бара дисциплина и жртва. Броење калории, 2-3 тренинга дневно, непречен сон од 8 саати. А каде се соодветни суплементи, каде е константното еволуирање на режимот на тренинг, барањето соодветна теретана. Ама после 3 години ригорозен труд, дојдов до некоја форма која сакав да ја постигнам. Изгледав навистина добро. Заедницата на Инстаграм ми стигна дури до 300 следачи. Изгледањето добро за себе е супер, ама не е доволно. Мора и светот да знае. А и акумулирав многу знаење од овие 3 години дигање тегови и читање Робин Шарма. Решив дека мора да станам личен тренер. Правец Google - how to buy Instagram followers. Средив, тоа, посветив 2 месеци на правење супер shred форма, среќа имам посветени партнери од Косово кои ми помогнаа со суплементите. Го сменив биото во Personal Fitness Coach, Dog Lover, Entrepreneur. Oткако го направив потегот, работам со буквално 8 клиенти, 4 од кои се од странство(Кумановци од Авганистан). Се спремам и за Male Physique на Arnold Classic во Љублана сега во декември. Фокус, дисциплина и максимална посветеност. Whatever it takes. Боже, ми недостигаат целосни ерекции...“ - Вангел Мирчевски - Бицепс, персонален тренер, горд поседувач на receding hairline на свои 23 години, еднаш ја тепаше девојка му у лош roid rage, ама не сакаше, мотивационен говорник.