Патетична теза за љубовта
„Дури откако некого ќе изгубиш, сфаќаш колку го сакаш, колку ти фали, колку ти е вреден, колку ти треба, дури тогаш сфаќаш што си имал.“ Ах, колку глупава, патетична теза! Не, тогаш само ти се буди себичлукот и егоистичната потреба да поседуваш нешто што е очигледно скапоцено, а си дозволил да го изгубиш, да ти се лизне од раце како сапун, да ти отиде. А љубов? Љубов е кога имаш желба да го сакаш и милуваш суштеството додека е до тебе, да си свесен за неговата големина додека сте заедно, додека те сака и тоа тебе, да те фаќа паника и од помислата дека можеш да го изгубиш (дури и кога го држиш за рака). И кога умееш да го чуваш и дочуваш.