logo

# Приказни

ПАТЕТИЧНА ДРВЕНА ПРИКАЗНА

насловна слика
Пинокио бил создаден од повеќе видови дрво: главата му била од орев, рацете од ружино дрво, нозете од бреза, дланките и стапалата од даб, торзото од липа, очите од бонсаи и така натаму, но никаде не е запишано од какво дрво било изработено неговото срце. Според едни, срцето на Пинокио било изработено од коренот на најколосалната џиновска секвоја која некогаш постоела на светот; според други, срцето било изработено од една палма која му припаѓала на некој шеик; додека според трети, Пинокио воопшто немал срце, туку пулсирачка шишарка. „Не постојат пулсирачки шишарки!“, се побуни верверичката која носеше полна торба желади. „Освен кога правам дупка во некоја елка, тогаш сѐ се тресе!“, се изгорди клукајдрвецот. „Сигурно не се тресе повеќе од тлото под моите нозе додека шетам по саваната...“, ѝ намигна слонот. Верверичката ги погледна со презир, но ниту презирот не беше доволен да се одгатне мистеријата на срцето на Пинокио, кој чувствувал дека неговото срце е вистинско, човечко, но никој не му поверувал.

Коментари


Остави коментар