logo

# Приказни

Овчар

насловна слика

„Не ми пречи. Не. Имитацијата е највиша форма на ласкање. Знаев дека отсекогаш имам супериорно чувство за естетика. Уште како млад, и покрај фатот што живеев во планина знаев, едноставно разбирав комбинации и бои. A искрено, не е дека и не читав, не се образував на темата. Calvin Klein, Dior, Herrera, Lacroix, Chanel, како и засекогаш моите омилени Domenico Dolce и неговиот побратим Stefano Gabbana беа дел од списанијата што ги криев под овчиот измет во бачилото, да не ме фати татко ми. Ах тие млади години. Aх, какви креации имаше само. И секогаш, апсолутно секогаш ме маѓепсуваше комбинацијата на црно и бело. Живеам за контраст. И искрено мислам дека во раните 2000ти кога бев дел од медиумскиот простор, навистина блескав во сопствените креации. Поинакво време беше, тогаш требаше да се носам рамо до рамо со еден Мендух Тачи, еден Бранко Црвенковски, господа коишто навистина знаеа да блескаат во своите комбинации.

Знам дека мојот trademark изглед инспирираше евтини копии од Alexander McQueen, Vera Wang, Christian Louboutin, Jean-Paul Gaultier, па дури и легендарниот Karl Lagerfeld(RIP). Голем дел мислат дека fake fur или лажното крзно беше тренд поради етички причини во раниот 21ви век. Ха, сите добро знаеме дека тоа беше само еден обид да се долови мојот изглед, мојата креација. Како што реков, не ми пречи. Мило ми е што бев инспирација на толку успешни луѓе.“ - Иснифарис Џемаили, овчар со стаж, претприемник, модна икона, медиумска личност.

Коментари


Остави коментар