Scientists Impaled Space Junk With a Harpoon, Here's Why That Matters Space junk threatens to entomb Earth in an artificial bubble, but promising solutions for cleaning up our trash are on the horizon. Watch More Space Crafts! ...
Остани (вселенско) ѓубре до крај!
Ако мислите дека отпадот е проблем само на Земјата, па секојдневно се соочуваме со проблеми како загадување на почвата, горење на отпадот и загадување на воздухот, натрупување на пластика која не се распаѓа ни после катаљон (ептен многу) години или микро-пластика во океаните која ни се враќа назад преку храната, се лажете.
Човекот е интересно суштество. Има голема желба да истражува и да експлоатира, а потоа да го отфрли тоа што го искористил и да го заборави. Денес, отпадот од различните вселенски мисии, дотраени сателити и слично (а да не зборуваме за проектот Starlink на Илон Маск!), претставува сѐ поголема опасност за активните мисии околу планетата Земја. Ако наскоро не направиме нешто во врска со тоа, ќе има последици.
Затоа, научниците се зафатија со проблемот и го решаваат во стилот на „Моби Дик“ – со харпун!?
https://www.youtube.com/watch?v=OFm4GwmraNY&feature=emb_title