logo

# Приказни

Опасни љубови

насловна слика
Опасни љубови чекаат по сокаците. Скриени во сенките на зградите-озборувачи, тие се гушкаат со своите минати и идни мечти. Понекогаш ги следат кучиња, понекогаш им прелетуваат чавки. Опасните љубови се како сенки од облаци на 10.000 метри височина: смрзнати и стопени од лутото сонце, радосни како Икар неколку мигови пред смртта. Еднаш, една опасна љубов ми се јави на телефон доцна во ноќта и ми зборуваше до крајот на нашите животи. Оттогаш чекам скриен во сокаците, во сенките на зградите-озборувачи; кучиња и чавки ги јадат моите минати и идни мечти, а јас се смеам како Икар неколку мигови пред смртта.

Коментари


Остави коментар