Оливер Сакс (Oliver Sacks), британски невролог, натуралист, историчар на науката и автор, е еден од поинтересните индивидуи во светот на науката.
Според неговото биографско дело „Будење“ е снимен истоимениот драматичен филм со одличните Роберт Де Ниро и Робин Вилијамс.
Но, нашата денешна тема е поинаква, и се однесува на „лековитата моќ на градините“. Сакс вели:
„Во 40-те години медицинска пракса, пронајдов само два вида на нефармаколошка терапија кои се витално значајни за пациентите со хронични невролошки заболувања: музиката и градините.“
Понатаму вели:
„За мене, како писател, градините се нужни за креативниот процес, а како доктор, ги носам моите пациенти во посета на градини секогаш кога можам.“
Самиот Сакс признава дека неговиот пристап не е многу научен и дека не знае како градините ги „лекуваат“ луѓето, но кога нешто има ефект, зошто да не се применува.
Прочитајте повеќе за овој фасцинантен човек и неговите идеи (меѓу другото и за градините) тука.