logo

# Приказни

ОД ПЕЕЊАТА НА ДЕБАРМААЛДОРОР

насловна слика

Од влакната на мојот покоен пес си исплетов џемпер и чорапи и понекогаш, понесен од меморијата која ја содржеа влакната, лаев по кучиња и завивав на полна месечина. По некое време, комшиите почнаа да ме викаат Линда и ми оставаа остатоци од нивните оброци пред врата кои ги јадев со задоволство и им ги враќав полни со кифлички, милиброд, кох и погача. Еден комшија, со кој не бевме во добри односи, ми фрли ќофтиња со отров за глувци и благодарение на брзата интервенција на комшијата ветеринар, едвај некако преживеав. Но, станав сомничав. Невидливата опашка секогаш ми беше крената, грбот наежен. Комшиите кои редовно ме галеа ги гледав како закана и почнав да им ‘ржам. Малку по малку, сите престанаа да ми оставаат јадење и еден ден ми викнаа шинтери кои ме совладаа и ме однесоа во ментална институција, на одделот за кинологија, ми дијагностицираа кучешка шизофренија и ме заврзаа во двор со лудачки поводник.

Сега секое утро ми е понеделник, секоја вечер – недела.

Седум во еден, еден во седум, ќе ве искасам сите, сите редум!

Коментари


Остави коментар