logo

# Приказни

Очила

насловна слика

Кога ми паѓа рачка од очила, влегувам во првата оптика, ми менуваат шрафче за 30 секунди, повелете, фала, колку сум должна, ништо, благодарам уште еднаш, пријатно. 

Денеска поминувам покрај еден од најстарите приватни дуќани за таа намена каде што, патем речено, ги имам купено првите очила во животот (знам дека плативме како суво злато да купуваме, ама тогаш уште го немав научено теренот. 

Сега си нарачувам и од пазар кај другар ми Ване, сончеви земам од обичниве продавници H&M, Zara, Bershka..., па после им ставам стакла диоптриски во оптика. Ретко, ама понекогаш си дозволувам и некоја скапа марка, небитно, сакам да речам, што ми се допаѓа, купувам). 

И да се вратам на темата. Влегувам кај господинов, му велам: "Ќе може ли да ми смените шрафче?" Ги зема, ми ги враќа, вика: "Ова на пазар, од пазар се купени." Така ли? Фала, пријатно.

Скоројевиќи се најгнилиот општествен слој. Нивната девиза е: "Јас сум она што имам". Бидејќи не можат да се истакнат со она што суштински се, се наметнуваат со скапиот начин на живеење и тоа е единствениот начин на кој успеваат да добијат на општествена битност. Со еден збор: жалчиња.

Коментари


Остави коментар