logo

# Приказни

Нова година

насловна слика

Ружно беше на плоштад и на времето, со пазарџиските тезги со честитки, џиџи-миџи, петардите, студот и лизгаво и калливо и гревската елка кај цветниот круг. 

Подеднакво ружно е и сега кога е ѓоамити светски, со дрвените куќарки и коњопоите и вареното вино и колбасите и крофните и елката што свети... ама разликата е во луѓето што шетаат. 

Некогаш тоа беше пристоен народ, беа скопјани кои пазареа за Нова Година, купуваа честитки и лампиони, пакетчиња од Краш и светкави подароци... а сега... шетаат некои чудни сурати, полусветови и туѓинци, ненаши луѓе. 

Кои се, од кај изникнаа? Кај ја згрешивме работата, мајката?

Коментари


Остави коментар