logo

# Приказни

Нова бесплатна книгичка на Арно.мк „Од кој филм беше?“

насловна слика

Arno.mk продолжува со месечните бесплатни книгички, овој пат на тема филм. Автор на книгата е Берт Стајн, писател кој се занимава со испитување на влијанието на популарната култура врз нашето општество.

Едицијата „Фактопедија“ е замислена како неформална едукација, збирка на интересни факти од светот на науката, технологијата, уметноста, екологијата… оние нешта кои на уредниците на едицијата им се чинат значајни за правилен раст и развој на младите индивидуи во едно недоволно развиено и ранливо општество.

Оваа книгичка, целосно насловена „Од кој филм беше? – 150 сцени од познати филмови (1984-2004)“ е своевиден прирачник на неговото дело „1 час и 30 минути“. Посебен акцент е ставен на филмот, но се споменуваат и серии, емисии или игри.

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Преземете ја книгата од овој линк.

При создавањето на книгичкава, Берт Стајн си постави интересна задача: #1 Секој филм да биде опишан со еден цитат, асоцијација, сцена или идеја; #2 Сè треба да биде по сеќавање, не смее да се користи интернетот. Авторот ги предизвикува читателите да ги препознаат филмовите.

Во првото онлајн издание авторот не ги дава одговорите за имињата на филмовите, а потоа со публиката ќе го сподели и целосното издание во кое ги има сите одговори. И не само тоа!

Авторот реши да подари пет примероци од книгата на Фејсбук страницата „Дај, не фрлај,“ по случаен избор на коментарите на постот за книгата.

Таму читателите се предизвикани да препознаат еден филм од книгичката или да пратат линк од сцена од конкретен филм поврзан со некој цитат.

Пр: 1. The Karate Kid

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Коментари


Остави коментар