logo

# Приказни

Наставници

насловна слика

Да се разбереме од старт: секако дека има наставници кои се залутани во професијата. Ниту се стручни (и покрај дипломата што ја имаат), ниту се добри педагози, ниту си ја сакаат работата. Ама да се генерализира и да се става на клада цела фела, ич не е ферски. И стварно не знам, од кај излезе овој тренд на презир кон луѓето кои во најголем дел чесно си ја извршуваат работата? Замислете училница со 30 и кусур деца. Кога се мали, на едно му се моча, на друго му се кака, трето му се јаде, плаче, сака дома, му се спие... учителката е таа која ем треба да го научи и описмени, ем да му го брише носот на твоето и на уште 30 други дечиња истовремено. Кога ќе пораснат арслани цели, влегуваш во училница со 40 момчиња од 2 метра што ќе те изедат за доручек, девојки на кои им вријат хормони и човече, треба прво да ги скротиш, а после да ги натераш да те слушаат и да учат. Плус се занимаваш со судбините нивни, татко психопат, мајка болна, дечко ја оставил, ја нема 3 дена, никој не знае кај е... Се бафташ со глупава администрација што нема врска со примарната цел на професијата... одржуваш 7 часа, немаш ни минута одмор за да здивнеш, им го држиш вниманието со саати и доаѓаш дома ко исцеден лимон. И ќе ти речат, а бе, што прават тие, ништо не прават! Ај, ако не прават ништо, оди влезете вие внатре и изборете се со реалноста која ќе ве дочека, па после ќе правиме муабет. И да, вечно сум им благодарна на сите наставници кои ми ги описменија моите две деца. Ниеднаш немам седнато да учам лекции со нив. Сè што знаат, а Бога ми знаат, научиле од нив.

Коментари


Остави коментар