Наше е да издржиме
„Нека се смеат, нека негодуваат, нека не покажуваат со прст. Наше е да издржиме, ако можеме, ако даде Бог... Мислам дека фактот што имаш татко пратеник, апсолутно не нуди никакви привилегии во однос на тоа како се живее животот, а не пак во една ваква глобална криза, кадешто СИТЕ сме еднакво погодени, и оние кои имаат 13.000 плата и работат со 1000 муштерии во супермаркет, па и ние децата на пратениците, што скромоно само 15 дена бевме во Шамони, Франција. Откажување, или намалување на платите на државна администрација не е никакво решение, особено не на платите на пратениците, кои верувале или имаат деца за ранење, како и сите вас. Наше е да издржиме, наше е да ја проголтаме кризава, и ако даде Бог, да преживееме...“ - Габерселасие Локвенец, син на напатениот Хари,прва од тивките жртви на геноцидот врз пратеничкото население на република Нашата Земја.