“This is why you never see your father cry!”Балканските мажи можат многу лесно да го разберат тој концепт, но прашање е дали сакаат. Панк музиката во тој конктекст може да биде антипод на турбо-фолкот која е длабоко деструктивна музика (и нечин на живот) кој промовира шовинизам, негативни емоции и (само)агресија. Погледнете го видеото и преслушајте ги албумите Brutalism (2017) и Joy as an Act of Resistance (2019), во исчекување на новиот албум наречен Ultra Mono кој треба да излезе на 25 септември 2020 година.
Музика наместо Лексилиум! Панк наместо Турбо фолк!
Idles се британски пост-панк рок бенд кој промовира… љубов! Пред да прашате што се случи со панкот, да се потсетиме малку на теоријата на уметноста.
Во делото „Поетика“ на Аристотел се зборува за катарзата како за „прочистување“ на емоциите преку уметноста, особено преку трагедијата. Како некој кој слуша агресивна музика и поминал низ сите фази на панк, харкор и метал музиката, сосема се согласувам со овој концепт. Мене лично таквата музика ми помогнала да се соочам со негативните емоции во одредени периоди од животот.
Се разбира невозможно е да се набројат сите бендови кои делуваат агресивно, а преку нивната музика промовираат пацифизам, и затоа ќе направиме една „студија на случај“, преку британскиот пост-панк рок бенд Idles. Тие многу често и успешно се соочуваат со теми на грешни односи помеѓу луѓето, промовираат љубов и разбирање, но не забораваат да бидат општествено или политички ангажирани, преку потенцирање на класната нееднаквост или на шовинизмот, а сето тоа го прават со доза на хумор.
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
Ваквата музика би требала да биде задолжителна „музичка лектира“ на нашите деца како објаснување дека една музика може да биде агресивна и да промовира добри вредности, за разлика од многу други жанрови кои звучат лесно, а промовираат мизогонија, мизантропија, шовинизам, национализам, злоупотреба на дроги (меѓу другото, и алкохолот е дрога, нели!)
Како пример само ќе ја наведеме песната Samaritans на Idles во која се зборува за очекувањата кои општеството ги има кон машкиот род: “Man up. Sit down. Chin up. Pipe down. Socks up. Don’t cry. Drink up. Just lie. Grow some balls, he said!…”, самокритичноста со зборовите: “The mask of masculinity is a mask, a mask that’s wearing me…” и рефренот: