„Не е дека имам болна потреба од внимание. Искрено не е. Едноставно уживам во човечката форма, особено мојата човечка форма. Сите мислат дека е супер лесно да одиш на локации, да патуваш, да ја мкнеш твојата фотографка другарка со ниска самодоверба и пар килограми вишок, за да го фатите golden hour на брегот на Атлантски Океан близу Porto. Сликањето е еден дел. Луѓето не знаат колку е тешко да го смислиш caption-oт на Instagram. Мислите дека лесно е да ги најдете вистинските стихови од Тhe Smiths, Emily Brontë или пак Emily Dickinson? Не е! Часови поминати на Google за наоѓање соодветен цита, уште часови поминати во теророт на сомнеж за постирање на истиот, хаштаг mentalhealtawarness. Но, истрајуваме, одиме наред секој ден. Конзистентни во простирање слики од мене, па и на повеќе профили. Не сум само тело, не сум само есетитка. Јас сум концепт. Јас сум...“ - Клементина Хаџи Авдагиќ, муза на скопската афтер сцена, работи нешо таму у маркетинг(можда), риба што легитимно има купено premium Cloud Service oд 10 тера за да чува слики, главно од себе, има и по некој пејсаж.