logo

# Приказни

Мустаќлии кои го смениле светот

насловна слика

Запознајте се со мустаќлиите кои оставиле печат низ историјата во разни области – наука, технологија, литература, музика, филм, револуционери, филозофи, луѓе кои го обликувале светот според формата на сопствените мустаќи!

Книгата, како и претходната „25 факти за аерозагадувањето“ од тимот на arno.mk е достапна за бесплатно преземање тука.

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Нова книга од работилницата на Арно и Капка во едицијата „Фактопедија“. Претходните книги се за врвните научници и пронаоѓачи како Исак Њутн, Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг и Никола Тесла, за историските кинески изуми и за едно многу значајно прашање во нашата средина – зачувувањето на околината и чистиот воздух. Решивме да станеме помалку сериозни и затоа перото го препуштивме на нашиот Исак Сима, дел од тимот на arno.mk.

Куса историја на мустаќ(лии)те

Уште Ван Дајк и неговите мустаќи (да бидеме фер и брада) во 17 век ги инспирирале уметниците, кралевите и мускетарите. Но, дури кон крајот на 19-от век луѓето како Марк Твен, Теодор Рузвелт и Фридрих Ниче донеле слава на мустаќите со нивниот „морж“ стил.

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Вајат Ерп и американските доселеници (и денешни „реднеци“), како и европските војници во доцниот 19 век носеле мустаќи во форма на потковица. На преминот на векот се негувал избричениот изглед, но 1930-тите во Европа „четка за заби“ стил на мустаќи бил многу популарен. Го носел Чарли Чаплин, а го утепал (за сите времиња) Адолф Хитлер.

Во четвртата деценија на 20-от век Кларк Гејбл го популаризирал тенкиот мустаќ, а во 1950-тите бричот повторно стапил на сцена, додека величествениот хипи и хард-рок мустаќ не ги заплеткал влакната на историјата повторно, и повторно.

Во нашата култура мустаќот е ориентална и мистична карактеристика која ги открива тајните на универзумот – на здравје бричење!

Коментари

nIcrWsSGlBGC9ZFyGkHooM9ohk8EG7u5nwy5XuES

САЛВАДОР ДАЛИ!


Остави коментар