logo

# Приказни

МАСАКР

насловна слика

Сред еден многу здодевен симпозиум за хипноза во Тексас, ги затворив очите на неколку секунди и кога ги отворив бев во мртовечки сандак, а околу мене играа прекрасни голи девојки со коси долги стотици метри. Пробав да станам за да танцувам со нив (пред неколку години Мадам Окултина ми соопшти дека во некој од минатите животи сум бил балерина), но не можев да мрднам ниту со лузната на малиот прст. Одеднаш, девојките престанаа со нивниот волшебен танц и една по една приоѓаа до мојот сандак и нежно ме бакнуваа по носот. Кога и последната девојка ме бакна, светлото од блескаво бело стана борделски црвено и сфатив дека сум стара мртва курва која плива во мочурлив формалдехид. Еден човек во докторски мантил ми пријде, ми ги затвори очите, и кога повторно ги отворив, се најдов сред една многу здодевна сала за конференции и сите учесници околу мене мене беа обезглавени, со распорени стомаци од кои излегуваше свиленкаст бел чад. Полека станав, ја оставив моторната пила на столот на кој седев, ја отворив вратата од салата и се престорив во весел џивџан кој полета кон небото, оставајќи го зад себе чудовишниот син свет.

Коментари


Остави коментар