logo

# Приказни

МАЈСТОР ЅВОНЧЕ

насловна слика
Ѕвонче е омнизанаетчија. Тој е ѕидар, плочкар, столар, косач на трева, местач на кровови, заварувач, електричар, водоинсталатер,.. но најпознат е како молер. Целата населба го познава како Белиот, но има уште неколу имиња: Варос, Креч и Ваљакот. Ѕвонче е еден од најлошите мајстори во познатиот универзум. Тој не знае да направи ништо како што треба, но ги сака канаринците, колибрите и сите нежни џивџани кои не се поголеми од ноктот на неговиот палец. Кога е сам со своите птици, од џин се претвора во свилен пердув и летка со своите песнопојки низ населбата како вилинско коњче над езеро полно со златни рипки, додека бели капки поликолор капат од неговата хартиена капа во форма на бротче.

Коментари


Остави коментар