logo

# Приказни

Мачорот

насловна слика
Нашиот бел мачор го закопавме синоќа.  Во дворот ископавме дупка за да можеме да си поплачеме на гропчето негово.  Нашиот бел мачор и вчера приквечер излезе да си шета како што си шета секој ден, но овојпат, ете, прошетката кобна беше.  Нашиот бел мачор беше потполно здрав, прав, господин човек мачор! Дете наше беше, љубовче наше. И вечерта го најдовме во дворот, легнат под дрвото. Скаменет. Си дошол дома да си умре. ОТРУЕН. Којзнае колку силен отров било тоа, мамицата нивна ѓаволска, штом делувал за толку кусо време. А оваа тежина од градиве и оваа болка што ни ја предизвикавте, ќе ви биде вратена од Универзумот, МОНСТРУМИ!

Коментари


Остави коментар