logo

# Приказни

Лимон

насловна слика

Оди купи лимон. Ти оди, јас бев прееска. 

Купи лимон? Не купив, ти треба да купиш. Е да бе, сè јас, јас ги извадив садовите од машината. 

Кога ќе се вратам од вежбање, лимон да има. 

Па што не одиш ти? Не можам, жешко ми е. Не можам, доцнам, ме чекаат. Не можам, за 15 минути ќе искачам.

Овој продуктивен триалог им го слушам полсаат. 

Дуќанчето е на два метра од дома. Нормално, обув кломпи и им купив лимон.

Коментари


Остави коментар