logo

# Приказни

ЛЕТЕН ЛЕТ

насловна слика

Кога се разбудив сабајлето, летечкиот килим на дедо ми Владимир беше паркиран веднаш до белата Волга, спремен да полета. „Ајде, доручкувај и одиме да ги плашиме гулабите на чичко ти!“, викна дедо ми и испи едно бокалче вино. Го изедов доручекот најбргу што можев, ја облеков белата маица со кратки ракави на која со темно сини букви пишуваше ВЛ ТКО (буквата А падна при перење), се качив на килимот зад дедо ми и полетавме кон утринското сонце, точно в мигот кога восокот од крилјата на Икар слета во кандилцето на прабаба ми. Таа се прекрсти, плукна трипати за среќа и се симна долу, во бујниот дебармаалски двор, каде ја чекаше баба ми со кафе и слатко.

Коментари


Остави коментар