Лажни вести или произволна вистина?
Популарноста на лажните вести на сајтов е интересна појава. Лажните вести, како форма на сатира се присутни во литературата и новинарството одамна. Популаризирани од страна на The Onion кој на почетокот излегувал како неделна печатена публикација, ме инспирирале и мене да издадам неколку вакви весници со измислени вести од 2005 година натаму.
Лажните вести на Бранко Прља!
Но, каква е социо-политичката улога на лажните вести во едно општество? Нема да зборуваме за улогата на македонските програмери во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, туку со помош словенечкиот филозоф и критичар на модерното општество, Славој Жижек, ќе ги анализираме лажните вести. Што се тие навистина?
Жижек вели (парафразираме):- За време на Студената војна имаше повеќе лажни вести, но тие беа целосно интегрирани и контролирани од владеачките идеологии.- На оние кои се борат против лажните вести им пречи неконтролираниот карактер и слободата на лажните вести.- Нема објективна вистина, секоја вистина е релативна - тоа е постмодерна идеја.- Стравот од лажните вести не е желба за вистината, туку страв од немање идеолошки јасна хиерархија.- Токму тоа е добрата функција на лажните вести - тие нè прават свесни за тоа колку вистината е всушност произволна!- И така натаму и така натаму...
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]