logo

# Приказни

Лакрос

насловна слика

„Кога бараме човек да вдоми маче/куче имаме сериозни критериуми ние. Да, основните - да не е за борби, да има можност да трча слободно, ако е од подинамична раса задожително да има двор. НО! Не застануваме тука. Кога некој ќе се нафати да вдоми куче преку нас, имаме строги критериуми кои вклучуваат но се огранични на:- Да го стеризлира миленичето- Да му купува храна од 450 денари по кило па нагоре- Барем еднаш годишно да го носи во Дизниленд - Парис или САД, не е важно, но да биде поткрепено со фотографии и фактура од билетите- Да има докторски на било кој од топ 100 универзитети по листата на Шангај- Кучето да има посебна соба со пристап до интернет - се под оптика од Т Мобиле е неприфатливо- Редовно да го носи миленичето на спортска медицина- Да поминува барем 23 од 24те часа во денот со миленичето (ова подразбира и имање секс со стопанот/стопанката/choose your pronouns во присуство на миленичето во истата соба)- Барем 8 часа неделно миленичето да има пристап до културолошка наобразба од типот на приствување на опера, театар или утакмица на Слога

Ние имаме критериуми. Мора да биде сигурни дека овие миленичиња за коишто бараме донации во илјадници денари, ќе отидат во правите домови, не кај некои треторазредни личности што им купуваат храна од 100 денари по кило!“ - Вакафлокафлејм Алиоски, рапер, член на управниот одбор на Анима Мунди, веган, човек со принципи, своевремен ветувачки лакрос играч за ЛК Патетино.

Коментари


Остави коментар