logo

# Приказни

КВИЗ: Последните 10 дена – Дали сте во тек и зашто сте во тек!?

насловна слика

За квизот, покрај знаење, потребни се и лист хартија и молив/пенкало, како би дознале нешто повеќе за себе, во случај да се срамите од себе т.е. немате меморија да памтите а,б,в и г, т.е. вашата свест да е апсолутна реалност на сметка на секогаш во втор план, потценетата потсвест.

Само 21 тековни прашања, квиз тестот не би требал да трае подолго од 5 минути, што за жал е за 3 минути подолго од просечната партија секс,... нормално со предигра. Но во случај денес да немате секс, повелете квиз.

*********************

1. После подолго време, Кочо имаше работен ден во своите фирми, кои минатата година претрпија дебакл, остварувајќи добивка од само 400% поголема од претходната година, но за да му тргне работата, другарка му Рада, истиот ден, од своето министерство, народни пари, го почасти со ТЕНДЕР од:

А. 1.000 денари

Б. 10.000 денари

В. 100.000 денари

Г. 1.612.358 евра

2. Периодов прочитавме дека министерката Мила Гебелс, пред да замине од својата позиција, само на 2 јануари, со единствена цел да почасти другарчиња, пуштила КОЛКУ итни тендери со рок на доставување на понуди од 10 до 15 дена:

А. Не пуштила

Б. Нема шанси Царовска да сторила такво нешто

В. Не ме зезај, нуууула батка!!

Г. 10+

3. Преку 30те прашања, каде што нашите политичари решиле да ни доловат атмосфера као демек се разголуваат и не потсетуваат дека и тие се луѓе како нас, а не само обични неписмени шарлатани кои ја искористиле позицијата да станат милионери на сметка на нас,.. за Рада дознавме дека има точен момент КОГA последен пат се насмеала на филм!?, а тоа е:

А. Оваа година, Рада гледа комедии, всушност и таа е дел од едно такво шоу.

Б. Лани.

В. Преклани, Рада има истенчен вкус за хумор, така што не секое срање и е смешно.

Г. 2009та, Рада се нема насмеано на филм повеќе од декада!

4. Најновите вести се дека во Македонија, за само 2 години, влегле 7.000.000 тони отпад (каков и да е), а денес добивме скандалозна информација дека Малезија не пуштила увоз на отпад од само 3.600 тони!? Ако ја тргнеме на страна безобразната Малезија, чиј отпад сам би го ставил у зуб, тогаш ШТО е полошо од 7.000.000 тони отпад?

А. Нема полошо.

Б. Нема полошо.

В. Нема полошо.

Г. 8.000.000 тони отпад, како што вели Васиљ од раководството.

5. Денес сме 22 јануари 2020 година. KOJ македонски град има уште 9 дена услов или да ги сруши 778-те дивоградби или да го загуби статусот на УНЕСКО?

А. Македонски Брод

Б. Македонска Каменица

В. Македонски Телеком

Г. Охрид

6. Новиот директор на Дрисла беше избран ИТНО со конкурс (најверојатно) во рок од:

А. 10 дена

Б. 1 месец

В. 3 месеци

Г. 12 часа

7. Околу новиот директор на Дрисла, Коста Начевски, меѓу народот, тој е ПОЗНАТ како:

А. Зет на Драги Рашковски

Б. Најпознат дилер на бугарски пасоши

В. Криминалец за време на негово членство во Управниот одбор во Тутунски комбинат – Прилеп

Г. Сите 3 наведени карактеристики заедно.

8. Министерството за култура доби забелешка од Венецијанската комисија дека новиот фашистички Закон за јазици е неуставен и народски кажано – никаков и неважечки!, па така за министерството за културла тоа значеше итно преземање на мерки и да донесе и донесе Предлог на закон за именување и дополнување на Законот за употреба на:

А. Албанскиот јазик

Б. Секако албанскиот јазик

В. Норамлно обесправениот албански јазик

Г. Македонски јазик

9. Профилот на МВР на инстаграм го следат над 4000 граѓани, но самиот профил на МВР следи само 2 други профила и тоа:

А. Оливер Спасовски и Наќе Чулев

Б. Оливер Спасовски и Сашо Мијалков

В. Оливер Спасовски и Никола Груевски

Г. Оливер Спасовски и Photos.of.girlsss

10. Претседателот на ФФМ не сакаше да се случи нешто надвор од Законот, па така, за да ја фати на дело, чекаше сметководителката на ФФМ, Олгица Младеновска, само последните 2 години, да направи цех од:

А. 500 денари

Б. 600 денари

В. 700 денари

Г. 1.000.000 евра

11. Познати директори, градоначалници, советници, министри и слично, немаа попаметна работа, ниту пак работа, па беа во Виена да ја следат македонската ракометна репрезентација на ЕП. Еве некои од нив: Ѓорѓи Галетановски од зоолошка, Филип Андов – Сокол - советнико, Филип Темелковски од к.вода, Душко Весковски од водовод, Кристијан Чушков од јсп, Ѓорѓе Војоновиќ од управен одбор, Димитар Апасиев од Левица, Примослав Димовски од потпретседател на управниот одбор, министерката Нина од групер итн итн итн. Можеби не забележавте, но во текстот имаме натрапник, т.е. КОЈ тоа од горенаведениот список не беше на првенството, т.е. си имаше работа:

А. Нина

Б. Сокол

В. Ѓорѓи од зоолошката

Г. Димитар Апасиев

12. Кој фудбалски клуб нема пораз на домашен терен веќе над 1000 дена, во првенството годинава има 21 победа и само 1 нерешена средба, вкупно има 30 победи на последните 31 натпревари, т.е. има само 1 пораз на последователните 61 натпревари во Премиер итн итн итн... со други рекорди!?

А. Манчестер Јунајтед

Б. Манчестер Јунајтед

В. За да боли, знам нехумано... Манчестер Јунајтед

Г. ЛИВЕРПУЛ

13. Познатиот одгледувач на канабис за Биг Мајк, Зајко звани Зец, на новиот претставник на Македонија на Еврозвизија, Васил Гарванлиев, му рекол:

А. :)

Б. :)

В. :)

Г. Пеј за својата земја, а не за политика!

14. Вработените на високи позиции во МВР, на себе носат:

А. Беџ од Ајрон Мејдн

Б. Пресликувач од Слеер

В. Колонска вода

Г. Прстен изгравиран со презимето Спасовски

15. Се обелодени дека новиот техничкиот премиер има повеќе од една кола за обезбедување, КОЛКУ ??

А. 2

Б. 3

В. 4

Г. 35

16. Најгледано видео на твитер изминатава недела беше емотивната песна на една, најверојатно упорна дама, нововработена во ЕВН. Чија симпатија и кој ја вработи разголената дама во ЕВН:

А. Грујо

Б. Ѓорчев

В. Мицко

Г. Кирац ;)

17. Се случи вооружен грабеж во НЛБ. НЛБ неколку дена го тапанеше дека пред пари и се, најмногу е загрижен за граѓаните и тоа буквално за нивното ЗДРАВЈЕ. Значи изговорија на глас дека се загрижени за здравјето на граѓаните, а банка се!? По изјавата на НЛБ, над 500.000 граѓани со кредити во НЛБ, по првата рата на отплаќање на кредитот, пријавија нерегуларности околу ШТО ??

А. Шеќерот

Б. Шеќерот и холестеролот

В. Шеќерот, холестеролот и тироидната

Г. Здравјето!!!

18. Костадинов вели дека доколку не бил она што е, ќе бил пилот!? Страшно!, но пострашно е тоа што мисли дека Костадинов е!?... ШТО тоа мисли дека Костадинов е?

А. Најдобар пријател на девојка му

Б. Овен со подзнак лав во хороскоп

В. Охридска белвица

Г. Политичар :D

19. Минатата недела во зоолошката во Скопје донесоа бела лавица  Нејзин другар, бел лав, ќе донесат неколку месеци подоцна. Касно ќе е!  Поради дијагностицирана депресија (за жал не на 2 милиони граѓани од Македонија), изминативе неколку години си отиде и за жал се врати, мајмунчето Коко  а пред Нова година за среќа и нека му е со среќа, си замина во Европа - мечето Теди, но во Најновата, најсреќните животинчиња кои ќе ја напуштат оваа атмосфера на гној, се членовите на зоолошката градина:

А. Ѓорѓи Галетановски со семејството

Б. Диносаурусот Денвер со семејството

В. Пак Коко  ... за жал не!, не одговарајте под В.

Г. Мечките Марко и Мартина

20. Во последен момент кога граѓаните на Македонија мислеа дека ќе се одвојат пари за во Фонд за здравство за да спасиме живот на идни 100 дечиња од лечење преку мобилни телефони, но владата на фашистичка Македонија одлучи тој вишок на кеш од 1.500.000 евра да се испере, т.е. тие пари да ги употреби за:

А. Социјални случаи

Б. Деца без родители

В. Амбулантни возила

Г. Апарати за коцкање

21. 1 милион и 500 илјади евра беа итно употребени за набавка на 1.500 апарати за коцкање на кој датум и во колку часот, земајќи в предвид дека техничката влада требаше да почне со работа на 3 јануари 2020та година!?:

А. Ова не е вистина, битно е да се продаде тоа на М, што го кошташе македонскиот народ 600.000 евра,... ок, само да го повозиме мандатов па ќе го шитнеме

Б. Ова не е вистина, нема шанси да знаете која е фирмата од Бугарија од каде се набавени 1.500 апарати и чии кумови се тие во Македонија

В. Ова не е вистина, нема шанси да се знае кој ги вршел преговорите, ниту е битно што немало тендер за набавка од 1.500.000 евра, кога веќе се набавија и коли за министерствата од 4.5 милиони евра на истиот начин и дај не го тупете за тоа на М, што кошта само 600.000 оти оооооок ќе го шитнеме, нема да се возиме веќе во него и за тие пари ќе купиме бадеми и фстаци, ок е?, ок е?, ајт гитла од канцеларии,... и ич не проверувајте чии се 49% од државната лотарија да не ви ебам се по список, епа ај баш да видам дали имате муда да објавите кој ги водеше преговорите со бугарската компанија!?

Г: 2 јануари, 20:37 часот

*********************

Ако имате најмногу одговори под А, Б и В,... Вие не пратите ништо, Вие сте себична личност и не ве интересира ништо освен себе си и својата фамилија. Вие сте чудна личност. Најверојатно не ги сакате многу луѓето и си се занимавате со свои работи. Веруваме дека во слободно време читате книги, што во денешно време е лудост. Ги сакате животните и природата, што исто така е показател дека немате појма што се случува во моментов со кралското семејство,... да!, нормално во Англија. Скраја да е да сте го читале Коста Петров, што исто така предизвикува и да не следите астрологија. Вие сте се она што го уништува нашето секојдневие, т.е нашите социјални мрежи. Не се срамете да дознаете кој е тоа Коста Петров, со еден збор - читајте и обидете се повторно со тестот за да сте дел од нормалните.

...

Ако имате најмногу одговори под Г,... Вие сте во тек со СЕ, Вие пратите, Вие знаете. Вие можеби немате свој живот, но за туѓиот (а туѓиот е поголем од еден) знаете СЕ, што Ве прави вид експерт. Вие сте на ниво на инфлуенсер, т.е. Вие ако сакате можете уште утре да станете инфлуенсер. Се што Ви треба се силикони и кола за да се снимате додека возите по скопскиот метеж. Нормално дека може да сте инфлуенсер и во Пехчево, но зашто!?, на кого!?... Размислете, Вие со ова познавање може да сте СЕ, да имате мислење и за ракомет и за документарен филм и за операција на чир на дванаесетпалачно црево, но исто можете да сте и министер, директор или што и да посакате, бидејќи за разлика од оние кои си имаат работа, Вие имате време. Не баталувајте социјални мрежи, оти само така може да дознаете за што треба да сте тажни, т.е. кои се тие 7 причини кои треба беусловно да Ве направат среќни. Успехот е пред Вас, не дозволувајте другите да Ви кажат што е најдобро за Вас, што би рекол и самиот ментор, Коста Петров.

Коментари


Остави коментар