logo

# Приказни

Ковид 19 кризата

насловна слика
„Абе мислите и нас не дирна кризава со коронава, гадно се лажете ценети пријатели! Не удри и те како! Нема еден проект нов, нема нови повици и тендери за соработка или некој joint venture, активни проекти стагнираат, повици за екстензија нема! НЕМА! Кубуриме со 5000-6000 евра месечно од пренаменување буџети од други ставки што не сме дотрошиле. Буквално живуркаме, проектни менаџери oд 1200 на 800 еура ги спуштивме месечно. Не можам у очи да ги погледнам кога им ги пуштам платите... Тоа е, мора да преживееме, се надеваме сеа пред избори ќе пркне нешто, да викнат на пар емисии, нешо од аспект на регулатива за права на гласачи при пандемија, нешо од аспект на проектен менаџмент на човечки ресурси во криза, па ако треба и за падот на цените на ветеринарските репро материјали на глобално ниво и нивното влијание врз екомонијата на Западен Балкан, за све имаме човек, ќе најдеме ќе збориме. Ама тоа е, кубуриме, се снаоѓаме, ене директорот една конференција нема фатено од март, се разболе сирот, и него 70 евра помалце му дадовме месецов...Не знам што ќе се прави...“ - Жаклина Жаки Малчевска, финансиски координатор и ко-основач на Коалиција за некој, нешто и куроффмиленче, познат пребацувач од шупље у празно, страдалник од Ковид 19 кризата, жена со можност за само еден одмор во странство годинава, човек кој го заслужува нашето сочувство.

Коментари


Остави коментар