logo

# Приказни

Корона вирус

насловна слика
„Едноставно мислев дека е добра идеја. Сепак сум добро информирана особа, која редовно ги посетува worldconsciences.com или worldawakennews.com, а сум у особен фан на вистините што ги споделуваат Миленко Неделковски и Љубче Златев на нивните фб профили. По краток Google Search ги имав сите можни информации за коронавирусот и решив - Петре сега е времето! Сега е моментот да ги просветлиш твоите FB пријатели со еден добар информативен пост за коронавирусот, со детали за како да се заштитите, како новиот светски поредок на чело со György Soros го има пуштено вирусот директно да наштети на Македонците како народ, како и што е вистината која ја кријат од нас. Ги пласирав сите информации, имаше супер одговор од страна на мојата публика - 7 коментари од кои 5 беа „Takae bratu, od zbor do zbr vistina“, и дури 13 лајкови. Мислам дека мојата мисија е завршена, помалку или повеќе Македонија е безбедна од коронавирусот.“ - Петре Митриќески, легитимно 0 денови работен стаж, аматер виролог, човек со пристап до интернет, активен Herbalife продавач.

Коментари


Остави коментар