Бренда Волш од пилотот на популарната тинејџерска серија од 1990-тите Беверли Хилс, се преправа дека е студентка за да биде со постаро момче.
На вечера со пријателите на момчето на прашањето што студира, таа (ни самите не знаеме зошто) избира да се претстави како студентка по астрономија.
Ова побудува интерес кај пријателите кои веднаш ја прашуваат „Што е црна дупка?“ на што таа одговара дека „Црните дупки… се дупки, само црни.“
Сепак Стивен Хокинг, физичар космолог и човекот некогаш нарекуван „следен Ајнштајн“, а и еден од најзаслужните луѓе за популаризирањето на астрономијата во 20 и 21 век, докажа дека „црните дупки не се црни“.
Тоа ни е е познато од неговиот научен бестселер „Куса историја на времето.“ Секако тој е поверодостоен отколку Бренда, нели?