Кога станува збор за брзината човекот може да трча најмногу 44.72 km/h. И тоа не секој човек, туку најбрзиот на светот - Јусејн Болт.
Со помош на машините човекот успеал да развие многу поголеми брзини, Thrust SSC, суперсоничен автомобил со авионски мотор достигнал брзина од 1.228 км/час. Но, тоа не е ништо во споредба со вселенското летало Јуно, кое со помош на гравитацијата на Јупитер се забрзало на 210.000 км/час. Во иднина се проценува дека леталото Solar probe plus ќе достигне брзина од 690.000 км/час… што е 0.064% од брзината на светлината… брзините се сепак релативни.
Да се навратиме на нашетео прашање - што е со животните?
И тука зависи како гледаме на работите. Прво, гепардот е најбрзо животно на копно со брзина од 120 км/час.
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
Сепак, во воздухот постои птица (не е Брзата птица итрица) која лета со брзина од 160 км/час, a во слободен лет (поточно паѓање) може да развие брзина од речиси 400 км/час - тoa e Сивиот сокол. Не за џабе црногорците го користат терминот „соко сиви“, популаризиран од хумористичната серија Топ листа надреалиста.
И за крај, најбрзото животно ако гледаме според критериум: колку телесни должини поминува во секунда, е - верувале или не - една вошка! Нејзиното име е Paratarsotomus macropalpis и во една секунда поминува 322 должини од нејзиното тело, а тоа пренесено во човечка брзина би било како човек да трча околу 2.000 км/час. Колку за споредба, гепардот трча 16 негови телесни должини во секунда.
Да, брзините се (биле и ќе бидат) релативни!
——————————————————————————
Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк.