Кинезите ги измислиле чадорите... и не само тоа!
Иако западните извори наведуваат дека првите чадори се употребувале во Египет пред 3.500 години, сепак ќе се согласите дека неколку палмини листови закачени на стап и не е некој чадор!
Првите чадори, всушност биле чадори за сонце, за да ги заштитат луѓето од сончевите зраци во летните денови. Кинезите дури во 11 век ги унапредиле нивните хартиени чадори и ги направиле водоотпорни со помош на восок и лак.
Било потребна упорноста на еден храбар светски патник и писател, Jonas Hanway (1712-86), кој во Англија се шетал со своето чадорче повеќе од 30 години, за мажите да го прифатат овој практичен изум како дел од машката мода. Англиските господа дури ги нарекувале нивните чадори „Hanway“, а денес тие се неразделен дел од класичниот англиски изглед.
Сто години потоа, соочени со последиците од глобалното затоплување, чадорите се сѐ попотребни, но внимавајте при силен ветер, може да станете Мери Попинс!
------------------------------------------------------------------------------
Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк и е дел од книгата „Made In China: за тоа како Западот им ги украл изумите на Кинезите, а овие си ги вратиле назад!“ на Бранко Прља.